Канада и се закани на Русија

Канада е подготвена да воведе санкции против Русија, ако таа одлучи да „продолжи со насилството“ во Украина, пренесуваат локалните медиуми.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина. Ако најдеме докази за интервенција од страна на Владимир Путин, ќе дејствуваме решително. Секој обид за продолжување на насилството во земјата е неприфатлив за Украинците и нивните сојузници во светот“, изјавил министерот за државјанства и имиграција на Канада, Крис Александер.