Свет

Канада ќе прифати 25.000 сириски бегалци

Канада ќе прифати 25.000 сириски бегалци

Канада планира до крајот на годината да прифати 25 илјади сириски бегалци, изјави министерот за миграција во новата либерална партија, Џон Маккалм.

Либералите го дадоа тоа ветување за време на кампањата за парламентарните избори, на кои победија минатиот месец. Владата на премиерот Џастин Трудо вчера положи заклетва.

Претходниот премиер Стивен Харпер вети дека Канада ќе прифати до крајот на годината десет илјади сириски бегалци, доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите.