среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Канада ќе прими 10.000 сириски бегалци до крајот на 2015

kanada

Последни вести

Канада до крајот на оваа година ќе прими само десет илјади бегалци, соопшти канадската влада.

Оваа бројка е помалку од половина од бројката која претходно беше објавена.

Во соопштението се вели дека до крајот на февруари, идната година, Канада ќе прими уште 15 илјади Сиријци.

Владата во Отава претходно најави дека годинава ќе бидат примени 25 илјади бегалци.

Меѓу оние кои ќе пристигнат со првите групи, до Нова година, има цели семејства, како и сами жени и припадници на хомосексуалната заедница во Сирија.

Новата влада на либералот Џастин Трудо, во текот на предизборната кампања агитираше за прием на сириски бегалци, па сегашното намалување на првичните бројки, во Отава не се смета како откажување од ветеното, туку намалувањето на темпото на приливот се објаснува со безбедносните причини.

Бегалците од Сирија ќе бидат разместени во 36 канадски градови, од кои 12 се во провинцијата Квебек.

Операцијата на примање и разместување на бегалци се одвива со спонзорство од владата и од приватни фондови, а во соработка со Агенцијата за бегалци на ОН и владата на Турција.

Најчитани вести