Канада ќе испрати воени советници во Ирак

Канада, на барање на американскиот претседател Барак Обама, ќе испрати група од 50 до 100 воени советници во Ирак што ќе имаат за цел да помогнат на ирачките сили во борбата против исламските екстремисти, објави МИА.

Канадскиот премиер Стивен Харпер соопшти дека војниците ќе ја советуваат ирачката војска како безбедносните сили во северниот дел на државата да бидат ефикасни во борбата против екстремистичката организација Исламска држава.

Харпер на самитот на НАТО во Велс изјави дека Канада и нејзините сојузници се загрижени поради варварските акции на исламските екстремисти. Поранешната канадска влада одби да испрати сили на барање на САД во Ирак во 2003 година, што ги залади односите меѓу двете земји.