Канада: Поради закана за муслимански студенти беше извршена евакуација во Универзитет

монреал

Преку електронска пошта до Универзитетот и локалните медиуми, пристигнала закана дека Советот на конзервативни граѓани во Канада ќе фрли неколку рачно изработени експлозиви во Универзитетот во знак на протест против присуството на студенти муслимани.

Сега откако американскиот претседател Доналд Трамп е на власт јужно од нашата граница, нештата се променија. Повеќе нема да го трпиме вашето однесување, навела групата за односите на студентите муслимани во својот маил.

Три згради на Универзитетот биле евакуирани и во нив бил извршен претрес од страна на силите на редот, но не се откриени експлозивни направи, изјави неименуван претставник на полицијата во Монреал, пренесува БТА.

Ректорот Алан Шепард изрази жалење за инцидентот во Универзитетот, каде се примаат студенти од 150 земји.

Остро ги осудуваме овие напади врз Универзитетот, што е модел на соживот, изјави Елен Давод министерката за образование на провинцијата Квебек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.