Во Канада пристигна првата група на бегалци

Група од 163 сириски бегалци вчера пристигна во Канада, каде беше пречекана од премиерот Џастин Трудо.

Сите ќе се сеќаваме на овој ден, изјави Трудо, поздравувајќи ги сириските семејства на аеродромот.

Бегалците пристигнале од Бејрут со воен авион. Канада е првата во Северна Америка која ја отвори својата врата на бегалците.

Трудо во октомври најави дека до крајот на годината Канада ќе прифати 25.000 сириски бегалци кои се наоѓаат во Јордан, Либан и Турција. До крајот на годината, во Канада се очекува да пристигнат околу 10.000 бегалци.