Канада: Се запали товарен воз полн со нафта

Товарен воз кој пренесувал пропан и сирова нафта излетал од шините и се запалил во северозападниот дел на Канада.

Во инцидентот кој што се случил во близина на селото Пластер Рок, нема повредени лица, а поради претпазливост се евакуирани 45 лица кои живеат во блиските куќи.

Од шините излетале 15 вагони и локомотиви, меѓу кои и осум со сирова нафта и пропан.