Канада: Во карантин ставен пациент со симптоми на ебола

Пациент кој се вратил од Нигерија со симптоми на треска и грип, кои можат да укажат на ебола, ставен е во изолација во една од болниците во областа на Торонто, соопштија канадските здравствени официјални лица.

Нигерија е една од неколку земји во Западна Африка во која се потврдени случаи на ебола, во најголемата епидемија на оваа смртоносна хеморагична треска во светот од почетокот на годината.

До сега починаа 961 лица, а 1800 се заразени.