Канада воведува санкции против руски компании

Канада денеска соопшти дека ќе воведе санкции кон голем број руски компании и банки со цел да ја казни Москва, поради илегалната окупација на Крим и провокативните воени активности во Источна Украина.

Меѓу компаниите се наоѓаат и „Новатек ОАО“, втор по големина руски производител на природен гас, како и „Газпромбанк“, третата по големина руска банка.

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека Отава сака дополнително да го зајакне економскиот и политички притисок врз руската Влада, предводена од претседателот Владимир Путин, поради поддршката на проруските сили во Источна Украина.