Канадска компанија ќе трага по злато во јужна Србија

Канадската компанија „Авала рисорсис“ најави дека во текот на оваа година ќе започне со теренски истражувања во потрага под злато на територијата на општина Медвеѓа во јужна Србија.

Според менаџерот за истражувања на компанијата, Џастин ван дер Торн, анализите ќе бидат насочени кон дефинирање на зоните на минерализација со злато, сребро и олово на површината, откако досегашните испитување дале „охрабрувачки резултати“.

– Ова подрачје засега е малку испитувано, но со планот за оваа година се предвидени теренски истражувања кои имаат за цел да тестират паралелни зони и на дој начин да се зголеми потенцијалот на испитаното подрачје, изјави Торн.

Во досегашните истражувања „Авала Рисорсис“ открила две потенцијални лежишта на бакар и злато во реонот на Медвеѓа, а планира и нови анализи во источна Србија во близина на Жагубица.

„Авала Рисорсис“ претходно најави дека според досегашните анализи, евентуалното отворање на рудник за злато во Србија би чинело 177 милиони долари. Во рудникот би биле вработни околу 250 лица, а Србија на име рента за десет години би добила над 30 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.