недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 28

Канадската дијаспора донира 150.000 долари за поплавените

Македонската дијаспора во Канада собра над 150.000 канадски долари, помош за настраданите од поплавите во Македонија.

cloudy

Поврзани вести

Здружената македонска заедница во Канада во неколку хуманитарни акции организирани од црквите на Македонската православна епархија, македонски организации во Канада, активисти, подржани од македонската Амбасада и Конзулат во Торонто собра над 150.000 канадски долари за помош на настраданите од поплавите во Скопје и околините места.

Средствата се собрани во организираните две хуманитарни акции на 14 август во македонската православна црква Св. Илија во Мисисага и втората на 17 септември годинава во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Најголемата донација во вредност од 50.000 канадски долари беше дарувана од бизнисменот Крсте Ивановски. Вкупниот износ на донации организирани само во македонските православни цркви од Канада изнесува 107.650 долари. Уште неколку директни донации на поединци и организации од Канада ја достигнаа вкупната донација од македонската заедница во Канада до над 150.000 канадски долари.

– Иако физички не сме во Македонија, нашите срца и мисли се секогаш со Македонија, тоа не се само празни зборови, нашата љубов и хуманост за Македонија и македонскиот народ го покажавме на дело, велат од здружената македонска имиграциона заедница во Канада

Најчитани вести