Канадски авион бил принуден да слета поради закана за бомба

Канадски авион морал да се врати на аеродромот во Торонто откако еден од патниците се заканил дека ќе активира експлозивна направа во леталото.

Во врска со инцидентот е уапсен еден 25-годишен Канаѓанец, кој е обвинет за закана за разнесување на авионот.

Еден патник во авинот за канадските медиуми изјави дека приведениот се налутил затоа што во фришоп понудата во авионот немало некои производи што тој ги барал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.