Канадски авиони ги извршија првите воздушни напади во Ирак

Канадски воени авиони, кои учествуваат во меѓународната операција против џихадистите од Исламска држава, предводена од САД, ги извршија првите воздушни напади, откако се распоредени во регионот, пишува МИА.

Според кабинетот на канадскиот министер за одбрана, Роб Николсон два борбени авиони нападнаа цели во околината на Фалуџа со бомби насочувани со ласер и се вратиле неповредени во базата во Кувајт. Повеќе детали за операцијата не се изнесени.

Канада испрати шест ловци ЦФ-18 „Хорнет“, еден авион цистерна Ц-150 „Поларис“, два разузнавачки авиони ЦР-140 „Орора“ и околу 600 војници за операцијата против ИД, која зазеде територии во Ирак и Сирија.

Канадскиот Парламент одобри учество на Канада во воздушните напади во период од шест месеци и забрани испраќање на копнени сили за борбени операции.