Канадски монструм: Ги дрогирал пациентките, па ги силувал

силување

Монструм од Канада, анестезиолог ги дрогила пациентките, па ги силувал.

Анестезиологот Џорџ Дуднот (65) од Канада злоставил дури 21 жена во болницата во Торонто во којашто работел.

Според српски „Телеграф’,  неговите жртви, биле свесни додека тој сексуално ги злоставувал, но биле немоќни да се одбранат бидејќи биле под јаки седативи. Жените кои тој ги злоставувал биле на возраст од 25 до 75 години. Овие злосторства се случувале од 2006 до 2010 година, а Дуднот е уапсен дури минатата година. Како што пишува весникот, на судењето тој изјавил дека не е виновен и нагласил оти пациентките сонувале дека биле силувани!

Инаку, некои од жртвите изјавиле дека по злоставувањето имаат големи психички проблеми.