Канадски рапер го собори рекордот на The Beatles од 1964-та

Седум композиции од новиот албум под наслов „Scorpion“ на канадскиот рапер Дрејк влегоа во топ 10 на листата Billboard Hot 100, со што е соборен рекордот на легенlдарната британска рок група The Beatles поставен во 1964 година, кога во првата десетка се најдоа пет нивни нумери, пишува магазинот Billboard.

Се истакнува дека притоа една од нумерите на Дрејк, под наслоив „Nice for What“, четири пати се искачува на првата позиција на топ-листата. И овој резултат не е постигнат претходно од кој и да е изведувач.

Во топ десетте влегоа и песните на раперот „Nonstop“, „Gods Plan“, „In My Feelings“, „I’m Upset“, „Emotionless“ и „Don’t Matter To Me“, Другите 18 песни од албумот „Scorpion“, исто така, влегоа меѓу првите сто композиции на листата Billboard Hot 100.

Сепак, Дрејк не успеа да собори еден друг рекорд на The Beatles, чиишто хитови своевремено целосно ги заземаа првите пет места од оваа топ-листа.

Претходно канадскиот рапер објави дека неговиот албум „Scorpion“ собрал милијарда преслушувања во првата седмица од објавувањето, што исто така е еден од поновите рекорди.