Канадските компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Канадски компании ги разгледуваат можностите за правење бинис во Македонија, објави МРТ.

Во соработка со „Македонија 2025“, организација во која членуваат видни бизнисмени со македонско потекло, ќе се зајакнуваат економските врски со Канада, ќе создава простор за зголемен извоз на македонските компании на канадскиот пазар, ќе се привлекуваат канадски инвеститори, особено од агросекторот, ИТ секторот, аутсорсингот.

„Пред четири години донесовме одлука да инвестираме во Македонија, односно во Скопје. Почнавме како мал бизнис, но многу брзо се развиваме. Ние обезбедуваме консултански услуги за ИТ компаниите од Канада и од СДА. Сега веќе имаме 150 вработени и продолжуваме да растеме и да се развиваме“, вели инвеститорот Крис Павловски.