Канаѓанецот Класен е новиот адут на МЗТ под кошевите

Изборот на стручниот штаб на МЗТ Скопје за засилување под кошевите падна на Овен Класен. „Металците“ не криеја дека се во потрага по ново решение за позицијата крилен центар, каде останаа тенки по заминувањето на недисциплинираниот Милтон Џенингс. Во опција беа неколку кошаркари од странство, но на крајот изборот падна врз Канаѓанецот Класен, за кого ова ќе биде прва сезона во европската кошарка.

Скромните информации за овој кошаркар велат дека тој бил дел од Универзитетот Акадија, а летово имал и неколку средби за селекцијата на Канада. Тој би требало што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Сагадин, со надеж дека ќе успее да ја пополни болната точка во тимот и ќе се воигра со соиграчите навреме за стартот на новата сезона во АБА-лигата, закажан за десетина дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.