Свет

Канаѓаните открија таинствен подземен тунел

Канаѓаните открија таинствен подземен тунел

Полицијата во Торонто откри тунел долг десет метри во близина на спортскиот терен на Универзитет во кој меѓу другото пронашле предмет со симбол од Првата светска војна.

Невообичаното откритие е објавено со надеж дека јавноста ќе помогне во откривањето на причината за изградба на тунелот, како и оние кои го ископале.

Нема никакви назнаки дека е изграден како закана за јавната сигурност , како ниту дека е граден со намера за правење кривично дело, вели заменик шефот на полицијата на Торонто, Марк Саундерс.

Доколку тунелот се копал и панатаму би завршил под тениските игралишта  и би ги заобиколил  зградите во близина.

Начинот на неговата градба укажува на некои знаења за осигурување на стабилноста на тунелот, а влезот е откриен случајно.

Според фотографиите кои ги објавила полицијата сводовите на тунелот се зацврстени со дрвени греди.

Тунелот е затворен до крајот на истрагата.