Македонија

Канал 5: Дали Заев повторно го молел албанскиот блок?

Канал 5: Дали Заев повторно го молел албанскиот блок?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и покрај надежите и молбите до Али Ахмети да излезе од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ доби јасна порака. Нема преку ДУИ да влезете во владата, порачаа од партијата, пренесува Канал 5.

И покрај тоа што Заев негира дека имал таков разговор со Ахмети, останува во јавноста запаметено јавното објавување на пораките што му ги праќал лидерот на СДСМ на Мендух Тачи со молби за средба.

ДУИ нема намера да потклекне на нападите на СДСМ уште помалку да ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ поради така наречените бомби на Заев.

Ова го смета експертска јавност по последната изјава на пратеникот Артан Груби кој јавно ги сруши очекувањата на опозициската партија за некакви сценарија за дестабилизација на државата или можеби подгревање на меѓуетничките односи во земјава.

Познавачите велат дека СДСМ ги наруши целосно односите со ДУИ, бомбата на Заев ги елиминира сите можни сценарија за било каква соработка во иднина.
Артан Груби јавно на СДСМ му порача да не се надева дека на власт ќе дојде преку Али Ахмети!

-Од 2002 година до денес и едната и другата партија се обидуваа да дојдат на власт преку ДУИ. За жалење е тој напор, бидејќи на власт се доаѓа со добра понуда. Мандатот на пратеникот е силен, зад него стојат 7.000 до 10.000 гласачи. Пратениците на СДСМ, со тоа што ја бојкотираат работата на собранието, не ја уважуваат волјата на овие гласачите, за што ќе бидат казнети на следните наредни избори, кога и да се случат, рече Груби.

Претходно медиумите пишуваа дека опозицискиот лидер преку посредници го молел Али Ахмети да излезе од владината коалиција.

Партиски извори за медиумите откриле дека тој тврдел оти ќе објави некои информации за владата кои ќе создадат тензии, но и ќе му отворат простор на албанскиот блок.

Како што пишуваат тие, лидерот на ДУИ на ова одговорил со порака – Победи на избори со програма и добра понуда. Со хаотичност и деструктивни политики, ништо нема да добиеш.

Пред неколку месеци во јавноста медиумите исто така објавија и пораки за наводна конверзација меѓу Заев и лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Во пораките се гледа како лидерот на опозициската партија го моли за средба.