„Канал 5“ и Македонија за Србија и за БиХ!

Денеска почнувајќи од 15.30 часот, скопската телевизија „Канал 5“ и многуте хумани луѓе од Македонија започнуваат хуманитарна акција.

Скопје и Македонија паметат огромни катастрофи, особено оние од 1962 и 1963 година, а и телевизијата „Канал 5“ на почетокот на новиот милениум на своја „кожа“ почуствува што значи да се има потреба од помош.

Токму затоа, а особено испровоцран од трагичните снимки, кои доаѓаат од Србија и од Босна и Херцеговина, целиот тим на оваа телевизиска компанија денеска ќе организира т.н. отворено студио, односно програма во живо насловена како „Канал 5“ и Македонија за Србија и БиХ!

„Очекуваме многу познати имиња од јавниот живот да дојдат во нашето студио и да донираат стока, која е најнеопходна за нашите соседи, пријатели и роднини во Србија и во БиХ… тие кои сега страдаат и имаат потреба од пријателска рака. Затоа ве покануваме и вас, граѓаните на Македонија, да дојдете и во живо, во нашата отворена програма, да донирате стока за настраданите соседни подрачја. Заедно да покажеме дека Македонија знае што е хуманост!

Потенцираме дека не собираме парични стредства, туку само помош во стока… следете ја програмата на „Канал 5“ ТВ, а особено вонредните вести во 11 и во 13 часот, за да дознаете каква стока е најнеопходна моментно“, објавува скопската телевизија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.