(ВИДЕО) Канал 5: Во хеликоптерот се превезувале службеници на гранична полиција

Хеликоптерот кој вечерва се урна позади индустриската зона Север е од типот МИ 17. Според информации на Канал 5, во него се превезувале службеници на граничната полиција од околината на Струмица.

Хеликоптерот се движел од Ново Село кон Струмица. Според неофицијалните информации, хеликоптерот удрил во неосветлена антена.

Според очевидци, хеликоптерот летал без светло, само создавал бучава пред да се урне.