Спорт

Канатларовски не сака да коментира околу можната преселба на Маракана

Канатларовски не сака да коментира околу можната преселба на Маракана

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и моментално тренер на српскиот прволигаш Спартак од Суботица, Драган Канатларовски, за познатиот српски сајт „Мондо.рс” изјави дека не сака да ги коментира последните шпекулации околу можноста да биде именуван за нов предводник на Црвена Звезда.

„Во овој момент навистина не е коректно да се зборува за тоа. Не е чесно, не е колегијално… Прво, Црвена Звезда има тренер, до вчера се играше првенството, а имам клуб и сите тие приказни паѓаат во вода. Да бидам искрен, јас играв за Црвена Звезда, тој на некој начин е мој клуб и секако би сакал да работам таму, но сега не е време да се зборува за тоа“, изјави Канатларовски.