Канаваро се мести за селектор на Италија

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Италија, Фабио Канаваро, откри дека е сериозно заинтересиран за селекторската функција и дека сака да биде наследник на Чезаре Прандели кој поднесе оставка поради срамната елиминација од Мундијалот во Бразил.

“Нормално дека сум заинтересиран. Тоа ќе биде голема чест за мене, чест е да се биде селектор на Италија, селектор на мојот национален тим. Сепак, не знам дали сум дел од потесниот список со можни наследници на Прандели. Прво, Фудбалската федерација на Италија треба да именува нов претседател, а потоа и нов селектор. Јас сум подготвен за тој предизвик, но ќе мора да почекаме уште малку. Нема да ја одбијам понудата, но не знам како размислуваат челниците во федерацијата, како ја замислуваат иднината на фудбалската репрезентација”, изјави Канаваро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.