Канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ во 33 општини

Од денеска во 33 општини почнуваат со работа канцеларии за новиот проект „Купи куќа за млади“.

Канцелариите се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно-правни односи и на Управата за јавни приходи. Целта е проектот да се приближи до младите и да може на едно место да добијат информција за условите, учеството, банките и плацевите.Во нив се ангажирани обучени вработени кои ќе ги дадат потребните информации на младите.

Покрај за овој проект, граѓаните во канцелариите ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.