Македонија

Канцеларијата на УНИЦЕФ и Здравствен дом – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Канцеларијата на УНИЦЕФ и Здравствен дом – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Здравствен дом-Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на унапредување на пристапот и квалитетот на здравствената заштита за најранливите категории на деца и семејства.

Меморандумот за соработка го потпишаа директорите на Здравствен дом – Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ и Бесим Кока и претставникот на УНИЦЕФ,  Бертран Демулен.

Заедничката соработка, соопштија од Канцеларијата на УНИЦЕФ, ќе овозможи изработка на упатства и едукација на лекарите и медицинските сестри од примарната и превентивната здравствена заштита во однос на рано препознавање и рана интервенција на деца со попреченост и деца жртви на насилство.

Планот на активности во Меморандумот за соработка вклучува и реализација на програми за унапредување на здравствена заштита на децата и семејствата Роми, како и подобрување на системот на здравствена евиденција во таа насока.

Меморандумот за соработка се потпишува во рамки на двегодишниот договор за соработка меѓу Канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за здравство.