Канцерогени штрудли од Србија повлечени од Европскиот пазар

Од Европскиот пазар се повлечени канцерогени штрудли од Србија.

Станува збор за штруди со смоква кај кои е откриена неприфатлива количина на хратоксинот А – токсична супстанција која во големи дози е потенцијално канцерогена.

Од Министерството за земјоделие информираат дека пред десетина дена добиле забелешка дека штрудла со смокви содржи неприфатливи количини на токсинот а пред неколку дена добиле уште едно известување дека целата количина на производот е повлечена од пазарот .

Инаку, процедурите на Министерството за земјоделство налагаат при враќање на производи прво се земаат мостри , и ако се потврди високото ниво на охратоксин релевантната служба треба да издаде наредба за уништување на производот.