Канческа-Милевска: Волјата на граѓаните нема да се поништи

Слушам овие денови го коментираат вашето присуство овде, без срам и без совест коментираат зошто вие сте дошле овде и го браните својот глас, зошто ги браните резултатите на овие демократски избори- нели е срамота тоа? Не го коментираат уништувањето претходно и сето она што го направи СДСМ. Уништуваа државни институции, фрлаа со камења, фарбаа споменици, ја уништуваа нашата култура и историја, го уништуваа нашиот идентитет, македонскиот идентитет, а сега коментираат зошто граѓаните излегле на мирни протести да ја одбранат својата волја, своите резултати.

Ова го истакна Елизабета Канческа- Милевска од ВМРО-ДПМНЕ обраќајки се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

-Нема да дозволиме, доста беше понижување, доста беше уништување на Македонија со разни сценарија. Сакам да порачам дека македонскиот народ не може да се потценува. Македонскиот народ е тој кој ќе ја даде својата волја и својот глас кој во иднина ќе раководи со Македонија и тоа го покажа на овие избори со 455.000 гласови- тоа е иднината за Македонија. Нема да дозволиме повеќе интриги, делби и уништување на македонскиот интегритет и суверенитет.

На овие избори, додаде Канческа- Милевска, јасна беше волјата на граѓаните кој ќе раководи со Република Македонија.

-Зоран Заев мислеше дека така со уништување, со палење на државните институции, со делби и поделби ќе дојде на власт- не, не може така да се дојде на власт. Се знае како се доаѓа на власт, на избори каде што волјата на граѓаните е на прво место и затоа нема да дозволиме да се поништи волјата на граѓаните-455.000 гласови говорат за волјата на граѓаните. Нашиот соживот нема да дозволиме никој да го уништи. Како додега сме живееле сите сплотено, единствено во интерес на нашта држава, така ќе продолжиме и во иднина.