среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 11

Канческа – Милевска: Културата е многу важен сегмент за една држава

Изминатиот период преку програмата која беше ветена реализиравме огромен број на проекти и тоа е таа чесност и отчетност. Ова го порача министерката Елизабета Канческа-Милевска на трибината во општина Илинден во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

kanceksa-ilinden

Поврзани вести

Изминатиот период преку програмата која беше ветена реализиравме огромен број на проекти и тоа е таа чесност и отчетност. Ова го порача министерката Елизабета Канческа-Милевска на трибината во општина Илинден во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

Се надевам, продолжи таа, дека и вечерва ќе слушнеме многу конструктивни идеи и иницијативи кои верувам дека ќе се најдат во новата изборна програма.

Благодарение на одличната соработка со градоначалникот се изгради и oвој културен дом. Се изградија уште 10 вакви домови во голем број на месни заедници во општина Илинден. Културата е многу важен сегмент за една држава и почитта која што се поседува како уметничка и културна вредност е многу значајно да се негува се со цел и да се подигне свеста за значењето на културата, рече Канческа-Милевска.

Во таа насока ја спомна културната манифестација „Илинден“ каде присуствуваат голем број на писатели од светот.

Во Домот на културата има и прекрасна библиотека во која континуирано дистрибуираме и голем број на книги, значајни капитални проекти, рече таа и продолжи, Владата вложува многу во културата  и во нашето историско и културно наследство.

Најчитани вести