четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Канческа Милевска: Во тек е снимањето на нови филмски проекти

Оваа година очекуваме пет или шест премиери, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во вестите на Канал 5 која присуствуваше на снимањето на сцена од филмот.

Канческа Милевска: Во тек е снимањето на нови филмски проекти

Канческа Милевска: Во тек е снимањето на нови филмски проекти

Поврзани вести

Снимањето на долгометражниот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски е во тек. Станува збор за филмска комедија на современа тема.

Оваа година очекуваме пет или шест премиери, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во вестите на Канал 5 која присуствуваше на снимањето на сцена од филмот.

-На мое огромно задоволство присуствував на една сцена од филмот „Ах, љубов моја“ на познатиот режисер Коле Ангеловски. Станува збор филмска комедија, што мислам дека е многу значајно што веќе во филмската кинематографија се дава поддршка на еден друг вид на жанр, а тоа е комедијата, изјави Канческа Милевска за Канал 5.

Таа додаде дека завршувањето на снимањето на филмот треба да биде до крај на мај, а истиот според плановите ќе може да се погледне на затворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

 

Најчитани вести