четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Канческа – Милевска: Народниот театар од Битола една од водечките театарски институции

Народниот театар од Битола е една од водечките институции од областа на театарската уметност и културата во нашата земја и има исклучително значење во културната историја на Република Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на вечерашното одбележување на 72-годишнината од формирањето на овој театар.

театар

Поврзани вести

Според Канческа Милевска, Битолскиот театар во текот на својот развој успеал да создаде еден специфичен театарски израз, богата и разновидна театарска програма со непобитни естетски вредности.

– Низ годините, Битола беше глобална сцена на која што се случуваа значајни театарски настани, место каде што се презентираше извонреден театар, силен уметнички потенцијал и врвни уметници кои создадоа големи театарски претстави и освоија многубројни признанија и награди, на национално ниво и во меѓународен контекст. Во изминатите 7 години, на сцената на Народниот театар во Битола се одиграа близу 1.300 претстави, од кои 42 премиерни изведби, 21 гостување во некои од најважните театарски куќи во светот, а сето она што го создаваа актерите од овој театар го погледнаа околу 140.000 посетители, посочи Канческа – Милевска.

На вечерашната прес-конференција во Битола, министерката за култура потсети на поддршката што ја добива овој театар од Министерството за култура при реализацијата на домашните и проектите во странство.

– Аргументите ми дозволуваат да забележам дека оваа 2016 година, за Народниот театар од Битола беше една од најуспешните театарски години во историјата на оваа наша национална установа. Со поддршка на Министерството за култура, но и од сопствени средства, Битолскиот театар оваа година реализираше рекорден број на премиерни изведби на претстави, дури девет, од кои две претстави беа во копродукција со театри од Руската Федерација и САД. Бројката на повеќе од 20.000 посетители само за оваа година потврди дека Битола има публика која високо го респектира својот театар, публика која е високоедуцирана во театарска смисла и која знае да ги награди со бурен аплауз вистинските театарски вредности, рече Канческа – Милевска.

Во чест на роденденот, актерите на Битолскиот театар вечерва ја изведуваат претставата „Патувачки театар Битола“, а на полноќ заминуваат за САД каде во Санта Барбара ќе ги изведат шекспировите „Антониј и Клеопатра“ и „Сонети“.

Најчитани вести