недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

Канческа – Милевска: Продолжува поддршката на филмска индустрија

Како Влада и преку Агенцијата за филм ќе продолжиме со сериозна поддршка на филмската индустрија во Македонија, подвлече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која денеска на покана на продуцентите присуствуваше на снимањето сцена на долгометражниот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.

kanceska-milevska

Поврзани вести

Како Влада и преку Агенцијата за филм ќе продолжиме со сериозна поддршка на филмската индустрија во Македонија, подвлече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која денеска на покана на продуцентите присуствуваше на снимањето сцена на долгометражниот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.

Во однос на филмот изрази задоволство што станува збор за филмска комедија на современа тема, бидејќи, нагласи таа, комедијата во филмот е еден редок жанр.

Посебно ме радува што со поддршката на овој филм навистина ќе дадеме еден диверзитет во македонската кинематографија. Познавајќи го огромното искуство и целокупното творештво на нашиот реномиран режисер, сите оние успеси кои ги има направено во делот на филмот, на филсмките серии, меѓу кои и култната серија „Викенд на мртовци“, навистина очекувам да имаме еден навистина добар играм филм, рече Канческа Милеска.

Режисерот и сценаристот на филмот Ангеловски рече дека е среќен што добија средства за да ја снимат оваа комедија, за која се согласи со министерката дека е редок жанр, но уште поредко, е вели тоа да е љубовна комедија.

Јас одамна не сум видел некој со некого да се сака на македонски филм. Така што навистина сум среќен, имам прекрасна актерска и филмска екипа. Се надевам дека до 18 мај ќе го завршиме филмот, а потоа ве чекаме на премиера. и воопшто на прикажувањето на филмот.. Не оти филмот ќе го победи „Викенд на мртовци“, бидејќи такво нешто не се повторува, но се надевам дека филмот добро ќе помине и дека луѓето ќе сакаат да го гледаат, особено младите, рече Ангеловски на сетот на снимањето во близина на Скопје.

За Мими Ѓоргоска Илиевска директорка на Агенцијата за филм на РМ задоволство е што може да присуствува на проект што започнал да се реализира, а не само одобрен проект, кој очекува да биде квалитетен, а кој Агенцијата со Програмата за 2015 година го има поддржано со финансиски средства во износ од 14.3 милиони денари. На новинарско прашање за коментарите на режисерот Дарко Митревски дека нема доволна поддршка за филмот, таа рече дека не се согласува со него. Вели, и режисерите и продуцентите се поддржани во нивната работа,  но треба да се има предвид дека постојат нискобуџетни и високобуџетни филмски проекти, кои се пропратени со задоволство или незадоволството, но тоа, нагласува, не е секогаш резултат на буџетот.

Доколку се погледнат статсистичките податоци за поддршка на кинематографијата преку Агенцијата за филм, а претходно и Филмскиот фонд, очигледно е дека таа е навистина зголемена за повеќе од 50 проценти гледано за приодот од 2008 до 2015 година, за разлика од претходниот период од осамостојувањето до 2008 година…Досега се одобрени околу 25 милиони евра за реализација на долгометражни филмови. Оваа година очекуваме пет или шест премиери заедно се надевам со „Ах љубов моја“, на мнозински долгомтеражни играни филмови и уште пет на малцински копродукции. Воедно веќе имавме една премиера на почетокот на годината – филмот „Џган“ на Вардан Тозија, рече Ѓоргоска Илиевска.

Таа се повика и на податоци од меѓународно истражување за поддршката на филмот во регионот, според кое, во Македонија во последните години има најголема поддршка за филмски проекти. – Тоа се навистина факти, пред се, тоа се гледа и од буџетот на Агенцијата како за поддршка на филмски проекти, воедно и за поддршка на странски продукции да снимаат во Македонија, рече директорката на Агенцијата.

Според податоците од Министеството за култура, во периодот од 2008 до 2015 година преку Агенцијата на филм на РМ се поддржани вкупно 223 филмски проекти од кои: 72 се долгометражни играни филмови; 67 документарни филмови; 65 краткометражни играни и 19 анимирани филмови. Од поддржаните филмски проекти досега реализирани се вкупно 111 филмски проекти од кои: 36 се долгометражни играни филмови; 36 документарни филмови; 30 краткометражни играни и 9 анимирани филмови. Од огромна важност е што реализираните филмови во периодот од 2008 до 2015 година имаат вкупно 893 учества на фестивали, а имаат освоено 158 награди.

Главните улоги во филмот „Ах љубов моја“ ги толкуваат Атанас Атанасовски и Нина Деан, а учествува и екипа актери од Драмски театар и од МНТ. Филмот ќе се снима во Скопје и на локација во Маврово. Проектот се реализира во три продукции. Авард Филм и Видео е носечката продуцентска куќа, а копродуценти се „КТ Филм Медија и Квазар Филм кои ќе бидат вклучени во постпродукцијата. Очекувањата се филмот премиерно да биде прикажан годинава на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Најчитани вести