Канческа-Милевска се сретна со Елина Гаранча и со Ион Мартин

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по отворањето на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа се сретна со мецосопранот Елина Гаранча од Летонија и романскиот диригент Ион Марин.

Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и „Охридско лето“.

ohridsko-leto-kanceska-garanca-ivanov

На Елина Гаранча и подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин, приказ на сребрена пафта која е дел од нашето богато културно наследство.

И на двајцата ексклузивни гости, Канческа-Милевска им подари и примероци од фото-монографијата „Чудесна Македонија“ во која се прикажани убавините на нашата земја.