Канческа-Милевска на Генералната конференција на УНЕСКО

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, во Париз.

Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј,- 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации.

Канческа-Милевска на Генералната конференција на УНЕСКО
Канческа-Милевска на Генералната конференција на УНЕСКО

Исто така, како што соопштуваат од кабинетот на министерката, во рамките на престојот во Република Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство кој од 5 до 8 ноември се одржува во престижниот изложбен простор Карусел во рамките на славниот музеј Лувр во Париз.

Канческа-Милевска на Генералната конференција на УНЕСКО
Канческа-Милевска на Генералната конференција на УНЕСКО

Република Македонија за првпат учествува на овој саем кој ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од цел свет. На штандот посветен на нашата земја, преку публикации, видеа и други видови промотивни материјали, ќе биде презентирано богатото културно наследство.

Министерката за култура Канческа-Милевска, која е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, во текот на утрешниот ден е предвидено да оствари и официјална средба со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, на која ќе се разговара за досегашната соработка и за идните активности меѓу Република Македонија и УНЕСКО.