Канческа-Милевска во Париз се сретна со генералниот директор на УНЕСКО

Канческа-Милевска во Париз се сретна со генералниот директор на УНЕСКО

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во рамките на работната посета на Париз, денеска оствари средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, на која стана збор за досегашната соработка и идните  активности меѓу Република Македонија и оваа еминентна организација на Обединетите нации.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, бил подвлечен партнерскиот однос што Република Македонија го негува со УНЕСКО и кој се одликува со поддршка на многубројни иницијативи и реализација на голем број проекти во областа на културата, заштитата на културното наследство, образованието, науката, информатичкото општество и животната средина.

Канческа-Милевска искажала задоволство што во изминатиот период на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно  наследство беа впишани две културни добра од Република Македонија: обичајот Четрсе – Празнување на светите четириесет маченици и машкото соборно оро „Копачката“. Таа изразила уверување дека во декември годинава, на претстојниот состанок во Намибија, на оваа листа на заштитени добра ќе се најде и машкото двогласно пеење „Гласоечко“, како и мултинационалната апликација  „Мартинки“ во која заедно партиципираат Бугарија, Романија, Молдавија и Македонија.

На средбата Канческа-Милевска информирала и за оста

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.