Канческа-Милевска во Париз се сретна со генералниот директор на УНЕСКО

натите активности што Република Македонија ги реализира со другите членки на УНЕСКО, меѓу кои е и експертската обука од областа на нематеријалното културно наследство која следната година, во соработка со Регионалниот центар за нематеријално културно наследство во Софија, ќе се одржи во нашата земја, како и транснационалниот проект „МИРО“, кој се однесува на подобрување и разубавување на територијата по должината на Виа Апиа–Игнација. Министерската за култура изразила задоволство што Република Македонија, Бугарија, Полска и Руската Федерација во 2016 година со заеднички активности ќе го одбележат јубилејот 1100 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител свети Климент Охридски, притоа искажувајќи надеж дека овој значаен јубилеј ќе се одвива под покровителство на УНЕСКО.

канчевска

Министерката за култура и генералниот директор на УНЕСКО размениле мислење и околу претстојната Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која треба да се реализира наредната година во Република Македонија. Верската конференција, која ја промовираше Република Македонија како лидер на платформата за меѓурелигиски дијалог, соживот и толеранција, досега се реализираше под покровителство на УНЕСКО и во оваа смисла, беа истакнати заедничките заложби за продолжување на оваа традиционална конференција со логистичка и финансиска поддршка од УНЕСКО.

На средбата Канческа-Милеска потенцирала дека Република Македонија веќе долго време успешно и ефективно е вклучена во големите европски и меѓународни проекти за партиципација на населението во образованието како дел од Милениумските цели на ОН. Таа нагласила дека како држава, континуирано настојуваме да овозможиме подобрување на квалитетот на образованието, вреднување и воведување на соодветни образовни политики и нормативна легислатива  како и формулирање на стратегии и програми во рамките на долгорочната програма на УНЕСКО „Образование за сите” и доживотно учење.

На крајот од средбата, министерката за култура изразила задоволство што Република Македонија во изминатите четири години беше членка во Извршниот одбор на УНЕСКО, псоочувајќи дека ќе продолжиме да се залагаме за зајакнување на меѓународната улога на УНЕСКО, унапредување на традиционалната соработка со сите држави-членки, ефикасност во работата и стимулирање на интелектуалниот и на материјалниот потенцијал со кој располага  оваа организација.