Канческа-Милевска: За мене критиките за Скопје 2014-та се паушални

Како гостин во „Отвореното студио“ на ТВ Нова, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска освен за обвинувањата од страна на СЈО, кои ги нарече неаргументирани и непоткрепени со никаков материјален доказ, даде и свое видување на критиките на дел од јавноста околу проектот „Скопје 2014-та“.

„За мене критиките за Скопје 2014-та се паушални, а во однос на материјалот на градбите, на кој како ќе му текне си дава изјави. Сите објекти се изградени, ставени во функција и постојат. Мојата политичка функција е менлива, но објектите остануваат тука, сè може да се провери. Сè е видливо и може да се провери на лице место, постои материјален доказ што ќе остане за идните геренации. Во сите тие проекти има посетители, настани, туристи.  Зборуваме за огромни инвестиции и проекти во сите области. Не прифаќам ни критика за службеници од Министерството кои чесно, одговорно и посветено работеле на сите обврски и задачи“, изјави Канческа Милевска.

Канческа Милевска гостуваше во отвореното студио на ТВ Нова, заедно со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикан беше и претставник од СЈО, меѓутоа од ова обвинителство истакнаа дека не се во можност да присуствуваат на дебатата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.