Канчевска Милевска не се чуствува виновна за „Тендери“

Поранешната министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска не се чуствува виновна, исто како и останатите членови на Комисијата за јавни набавки на кои им се суди за случајот „Тендери“, односно за малверзации со изградбата на Музејот на вмро.

– Го разбирам тоа што е напишано, но не можам никаде да најдам каде има злоупотреба во обвинението- рече Канческа Милевска пред Судискиот совет.

Другите обвинети, Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, кои биле во комисијата за набавки исто така рекоа дека не чуствуваат вина.
Трите тврдат дека работеле според законот и дека во тендерот за изведување на градежните работи на музејот нема ништо спорно.

Според обвинението, пак, во постапката за јавни набавки немало транспарентност и оти дел од вработените во Министерството за култура не работеле по правилникот.
Обвинителот на СЈО, Стевчо Донев изјави дека обвинетите ја злоупотребиле службената положба, фаворизирајќи фирма за изградба на Музејот на ВМРО, односно министерката му наложила на директорот на ГП„Бетон“ од Штип да ги изведат сите градежни работи и да не се чека нов тендер.

Бранителот на обвинетите, адвокат Сашо Дуковски во воведниот говор рече дека не постои вина кај неговите клиенти, како и дека од обвинението не увидел дека има некаква штета.