Канческа -Милевска: СДСМ критикува без аргументи

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска присуствуваше и се обрати на прес-конференција на која беа соопштени резултатите од Конкурсот за странски издавачи.

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата во врска со истиот Конкурс, истакнати од страна на Роберт Алаѓозовски од СДСМ, министерката рече дека мерките се превземени по обемни анализи и дека СДСМ критикува без аргументи.

-Нешто што е општо позитивно прифатливо во јавноста и од страна на авторите од страна на издавачките куќи, тоа континуирано го следиме е неприфатливо да се оди со игнорирачки став за нешто што е општоприфатливо и позитивно прифатено. Оваа мерка, како што кажав на почетокот, стимулативна мерка е направена врз основа на претходни анализи. Сите оние стимулативни мерки кои се дел од Националната стратегија се утврдени како некои работи кои навистина треба да ги направиме со цел да ја унапредиме културата, уметноста итн. Мене повеќе би ме радувало ако Алаѓозовски како претседател на Советот за култура на Социјалдемократскиот сојуз и сите членови би дале некоја нова стимулативна мерка која би можеле сите заеднички да ја реализираме, истакна министерката за култура.

Таа додаде дека не е прифатливо да се критикува без аргументи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.