Канческа-Милевска: Вевчанскиот карневал е своевиден бренд за Македонија и светот

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, изјави дека уште при влегувањето во Вевчани веднаш се почувствувал духот на Вевчанци, нивната традиција и креативност на кои сме сите горди.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме долгата историја и традиција на овој фестивал, кој е своевиден бренд за Македонија и светот. Се надевам дека и годинешниве маски ќе бидат креативни, кои што ќе ги отсликаат настаните и ликовите кои ја одбележаа минатата година“, изјави министерката за култура Канческа Милевска, која додаде дека не треба да се лутиме или да бидеме повредени преку она што го прикажувааат маските, туку само да се насмееме и да ја прифатиме таа нивна креативност и дух.

Таа истакна дека креативноста не може да ја поседува секој и оттука е ретка како интелект.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.