Канческа- Милевска во посета на манастирот Свети Никола во Љубанци

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денескаќе го посети манастирот Свети Никола во село Љубанци (сместен на падините на Скопска Црна Гора) каде годинава со средства на Министерството за култура предвидена е конзервација и реставрација на стариот конак во овој манастир, кој поради својата вредност е споменик на културата заштитен со закон.

Во рамките на посетата, министерката за култура ќе биде придружувана од пратеникот во Собранието на РМ, Диме Маџовски, градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, како и од директорката на надлежната установа Конзерваторски центар – Скопје, Ема Петрова.