Канческа-Милевска во работна посета на Гостивар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во работна посета на Гостивар.

За време на посетата на Гостивар, Канческа-Милевска ќе ги посети старата Медреса во рамки на комплексот Саат-џамија и куќата на Ахмет Чаку.

На овие два објекти во целост се реализирани проекти за нивна конзервација и реставрација.