Канческа-Милевска за Алфа:УНЕСКО со позитивен извештај за комплексот кај Плаошник

Телевизија Алфа ексклузивно го престави новиот изглед на локалитетот Плаошник.Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска беше гостин во вестите и говореше за тоа до каде е изведбата на возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет.

-Интензивно се работи на првата фаза, а тоа е самата карабина на сите објекти. Станува збор за три комплекси кои содржат 6 објекти. Претходно се вршеа сите системски археолошки истражувања бидејќи сите овие објекти се градат врз археолошките остатоци кои претходно беа пронајдени. Да се запази тој дел за да може да се продолжи со градбата, истакна министерката.

Комисија од УНЕСКО пред шест месеци беше на терен на Плаошник да увиди до каде е изградбата

-Целта на мојата покана на експертската Комисија, беше да се запознаат со интензитетот на самите градби. Да видиме заеднички дали има препораки, забелешки. Извештајот го добивме. Посебно ме радува што добивме навистина огромно задоволство од сето она што можеа да го видат на терен, одличната конзервација која ја вршиме на културното наследство кое го поседува Охрид. Изразија задоволство од законската регулатива бидејќи донесовме два закони- за старото градско јадро на Охрид и за управување со Охрид како светско културно и природно наследство, рече Канческа Милевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.