Канческа- Милевска: Згрозена сум од обидот да се извалка името на Тоше и неговата фа,илија

СДСМ вечерва морбидно го злоупотреби името на Тоше Проески и покажа голема нечовечност.

На ова реагираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која испрати порака преку социјалните мрежи:

„Како жена, сопруга и мајка, и како искрен почитувач на делото на Тоше Проески сум згрозена и длабоко загрижена од обидот за политизација и валкање на неговото име и неговата фамилија. Јас, и како човек, и како министер, во многу наврати, со конкретни дела и постапки имам демонстрирано исклучителна висока почит и конкретна поддршка за семејството на Тоше Проески, без притоа да се обидувам да градам политички поени како што тоа го прави СДСМ денес, плукајќи и сеејќи омраза. Тоше тоа не го заслужува. Тој сите нас не научи на многу повеќе од тоа“, напиша министерката.