Кандидат за градоначалник на БЕСА добил заканувачки пораки

Кандидатот за градоначалник на општина Сарај од политичката партија БЕСА, Башким Бакиу во четвртокот во полиција пријавил дека во текот на денот добил СМС порака со заканувачка содржина.

Од полицијата информираат дека „Б.Б. (36) од с.Љубин-скопско случајот го пријавил во полициската станица во Центар… „ Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во Сарај на место викано „Дервен“ со почеток во 20 часот, и му се брзало рекол дека се откажува од пријавата“.

Подона, во 19,50 часот Бакиу се јавил на телефонската линија 192 и го пријавил настанот, односно митинго), барајќи да биде обезбедуван од страна на полициски службеници. Митингот бил одржан и завршен без проблеми, а на кандидатот на Движењето БЕСА телефонски му е укажано да дојде во Полициското одделение Сарај и да го пријави настанот околу телефонската закана, информираат од МВР.

Движењето БЕСА, инаку, и претходно беше цел на напади. Во текот на ноќта кон минатата недела беше демолиран штабот на Движењето БЕСА во населбата Скопје Север во општина Бутел, но за среќата во овој инцидент нема повредени лица, информираат од движењето. Во врска со демолирањето на штабот од Движењето БЕСА, велат дека ќе побараат од органите за спроведување на законот да го разјаснат случајот.

Исто така, на пазарот во Бит Пазари, искинати се постери на кандидатот на Движењето БЕСА за општина Чаир, Зеќирија Ибрахими.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.