Кандидат за пратеник од СДСМ во одбрана на криминал

Во Кочани од страна на полициска патрола е забележано како од паркирано моторно возило „jуго“ едно машко лице истовара огревно дрво. Од извршената контрола утврдено е дека се работи за лицето Т.П кој живеел на самото место и е вработен во шумска полиција во Кочани и кој ги растоварал од возилото огревното дрво во неговиот дом за кој не поседувал уредна документација, пренесува Журнал.

Поради тоа повикана била шумска полиција која го преземала возилото и дрвата со записник и ги одземала од лице место и птироа констатирала дека возилото било нерегистрирано веќе три години.

Според информациите, околу 14 часот на местото на настанот пристигнал Сашко Костов, кандидат за пратеник од СДСМ со уште неколку други лица и го нарушиле јавниот ред и мир со омаловажувајки ги полициските службеници.

Инаку, затекнатиот Т.П бил во роднинска врска со кандидатот за пратеник Костов, поради што тој дошол со цел да ја исполитизира ситуацијата и на еден криминален чин да и даде политичка конотација што во секој случај и е одлика на партијата СДСМ.