Македонија

Кандидатите за полицајци го завршуваат првиот дел од обуката

Кандидатите за полицајци го завршуваат првиот дел од обуката

Кандидатите за полицајци кои што на почетокот на годинава ја започнаа едногодишната обука, а кои што по ригорозните конкурсни критериуми беа селектирани по јавниот оглас на МВР од октомври минатата година за прием на 400 полициски службеници, деновиве во Центарот за обука во Идризово го завшуваат првиот (четиримесечен) модул од обуката тематски посветен на областа на заштитата на јавниот ред и мир.

Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР завршува со полагање на првиот тест – за мерење компетенции, и тоа практично во реална ситуација на работните мест каде што ја изведуваат теренската обука. Оценувачи се искусни полициски службеници од сите сектори на МВР, кои секојдневно ги извршуваат работните задачи од областа на јавниот ред и мир. Со овој начин на оценување се постигнува повисок степен на непристраност и независнот и на тој начин се добиваат реални оценки за кандидатите

„Инаку, како што претходно информиравме обуката на избраните 440 кандидати за идни полициски службеници започна на 15 јануари годинава во Центарот за обука во Идризово. Тие беа избрани од вкупно 5.503 кандидати што се пријавија на конкурсот за пример на полициски службеници на почетокот на октомври минатата година. Притоа тие минаа неколку фази на проверки во кои беа опфатени тестирања на физичките (моторички) способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и соодветните здравствени проверки, а по по принципот на рангирање, беа избрани 440 кандидати, со кои што беше потпишан договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 15.01.2014 година,“ информираат од МВР.

Пред кандидатите во текот на интернатската обуката сега претстојат уште два образовни модула – од областа на сообраќајот и граничната полиција, кои што идентично на веќе завршениот модул се состојат од по три месеци теоретска работа и по еден месец теренска или практична едукација после кои следат проверки и селекција односно рангирање на кандидатите до потребната бројка од 400 кандидати кои ќе бидат идни полициски службеници.