среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Кандидатите за полицајци кои ја завршиле обуката бараат вработување

Тие денеска биле примени од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кој ги известил дека на 10 октомври 2016 година било доставено барање до Министерството за финансии, но добиле одговор дека е потребно доставување на уште едно во 2017 година. Од министерот Нухиу добиле уверување дека по новогодишните празници од МВР ќе испратат повторно барање до Министерството за финансии.

obuka

Последни вести

Барање за решавање на статусот со вработување на класата од 660 кандидати за полицајци денеска пред МВР побараа неколку десетици млади од генерацијата 2015/2016 кои успешно ја завршиле обуката и на 8 октомври 2016 година положиле свечена заклетва.

Ѓорѓија Коларовски кој е дел од кандидатите за полицајци и во име на неговите колеги побара што поскоро да се реши нивниот статус бидејќи, како што рече, не сакаат да бидат жртви на ниеден политички систем и дека исклучуваат било каква поврзаност со политичките партии.

– Ние сакаме да им помогнеме на нашите колеги кои секојдневно се соочуваат со дефицит на работен кадар и се растргнати на сите страни. Бараме можност да се докажеме и покажеме. Можност од која не дели само еден потпис на нашите договори за вработување, како и можност за стабилна егзистенција, рече Коларовски.

Тој информираше дека денеска биле примени од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кој ги известил дека на 10 октомври 2016 година било доставено барање до Министерството за финансии, но добиле одговор дека е потребно доставување на уште едно во 2017 година. Од министерот Нухиу добиле уверување дека по новогодишните празници од МВР ќе испратат повторно барање до Министерството за финансии.

Кандидатите за полицајци бараат МВР да ја почитува законската регулатива и се повикуваат на член 98 став 1 од Законот за внатрешни работи во кој е наведено дека министерот за внатрешни работи донесува решечение за избор на обучени кандидати за полицаец од  најдобро рангираните од ранг-листата од член 97 од истиот Закон. Тие бараа и спроведување и на членот 99 од Законот во кој е истакнато дека со обучените кандидати МВР треба да склучи договор за вработување со кој кандидатите се стекнуваат со статус полицаец-приправник.

Најчитани вести