Кандидатите за претседател ја продолжуваат кампањата на нови локации

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања  со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ , ќе одржи митинзи во Велес, Неготино и Кавадарци, како и помали митинзи во Градско и во Росоман.

СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, најавува средби со граѓани во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Чаир и во Бутел.

Средби со граѓани ќе одржи и  ДУИ, во Тетово и во пет општини во Тетовско, а ДПА со кандидатот Иљајас Халими ќе се претстави на митинг во Дебар.

Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинзи во Злетово, Кратово и Пробиштип.