Кандидатка за пратеник од турската опозициска повредена во вооружен напад

Кандидатка за пратеник на опозициската Републиканска народна партија (НРП) во Турција Елиф Доган Туркмен е повредена во вооружен напад, објави МИА.

Туркмен е прва на листата кандидати на НРП во Адана, во Јужна Турција, за претстојните парламентарни избори во земјата закажани за 7 јуни.

Валијата на турскиот округ Мустафа Бјајок изјави дека нападот бил извршен додека кандидатката се наоѓала во ресторан во врска со предизборни активности. Во оган отворен од автомобил Туркмен била повредена во пределот на колената. Таа е пренесена во болница и нема опасност за нејзиниот живот.

Напаѓачот е идентификуван како Али Фуат Е. Според првичните информации нападот нема политички мотиви