Кандила украдени од црква во Октиси

Тешка кражба е извршена во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси во периодот од декември минатата до март оваа година.

Непознатиот крадец го скршил цилиндарот од главната влезна врата на црквата и  употребил тврд предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата.

Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории и одзел четирите кандила.

На лице место извршен е увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин